Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.Р.(25) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во периодот од 31 јули до 17 авгсут годинава, тој неовластено навлегол во трансакциска сметка сопственост на лице од Берово и искористувајќи ги нејзините податоци, во 23 наврати направил незаконски трансакции, со што се стекнал со противправна имотна корист 22.526 денари.