Ние не одговараме на празни закани. Ако Русија навистина се придвижи во таа насока, со тоа ќе се справиме одлучно, изјави официјален претставник на Администрацијата во Вашингтон, пренесе весникот Хил.

Нема да реплицираме на празни закани и ако Русија навистина се придвижи во таа насока, со тоа ќе се справиме одлучно, изјави службено лице од Администрацијата на САД, како коментар за можното распоредување руска воена техника на Куба и во Венецуела, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Висок руски дипломат синоќа не ја отрфли идејата Москва да изврши воено истоварување на Куба и Венецуела, во време на засилени тензии меѓу Русија и Западот.

Сергеј Рјабков, заменик министер за надворешни на Русија, синоќа за руска телевизија изјави дека не би „потврдил ниту би отфрлил" можност за руско распоредување на сили во западната хемисфера.

-Ние не одговараме на празни закани. Ако Русија навистина се придвижи во таа насока, со тоа ќе се справиме одлучно, изјави официјален претставник на Администрацијата во Вашингтон, пренесе весникот Хил.

Идејата за распоредување воени активи на Куба не е нова. Советскиот Сојуз во 1962 година се обиде да постави нуклеарно оружје на овој карипски остров, што водеше кон крајно напната ситуација со САД, кога за време на Студената војна светот за првпат се најде, како што се верува, пред можна нуклеарна војна меѓу двете суперсили.

Рускиот претседател Владимир Путин во 2013 и 2018 година во Венецуела испрати бомбардери опремени со стратешко нуклеарно оружје. По што следеа дипломатски активности и размени меѓу тогашниот државен секретар Мајк Помпео и портпаролот на Путин, Димитриј Песков.

Најновата изјава на Рјабков доаѓа по соочувањето на Русија и САД во врска со натрупувањето на руска воена сила долж границата со Украина.

Американскиот амбасадор во ОБСЕ Мајкл Карпентер, синоќа предупреди за можна воена ескалација откако Рјабков изјави дека Русија нема „основа" да ги продолжи разговорите во Женева.

-Соочени сме со криза во европската безбедност. Дамарите на војната звучат сѐ посилно и реториката стана навистина реска, изјави Карпентер.