Нов договор со Иран за ограничување на неговите нуклеарни капацитети сега изгледа можен, изјави денеска шефот на ервропската дипломатија, истакнувајќи дека атмосферата во актуелните преговори во Виена е подобрена, пренесе ДПА.

-Пред ова бев песимист, но сега мислам дека можеме да постигнеме договор. Мислам дека треба да ги забрзаме работите, рече Борел во францускиот град Брест.

„Ова е работа од големо значење и во следните неколку недели, се надевам дека ќе можеме да ве информираме за конечните резултати“, додаде тој.