Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги осуди сајбер нападите врз Владата на Украина и рече дека западната воена алијанса во наредните денови ќе потпише договор за зајакнување на соработката со Киев во областа на сајбер безбедноста, соопшти денес алијансата.

„Сајбер експертите на НАТО во Брисел разменуваат информации со своите украински колеги за тековните злонамерни сајбер активности“, рече Столтенберг.

Тој рече дека експертите на Алијансата им даваат поддршка на украинските власти.

– Во наредните денови НАТО и Украина ќе потпишат договор за проширена сајбер соработка, вклучително и пристап на Украина до платформата на Алијансата за размена на податоци за штетен софтвер – додаде Столтенберг.