Нивото на колективен имунитет на Русија се зголеми од 62,6 отсто на 63,7 отсто за една недела, соопштија здравствените власти. Севкупно, епидемиолошката состојба е подобрена во девет региони, информира Министерството за здравство.
Вицепремиерката Татјана Голикова посочи дека 76,7 милиони луѓе во Русија се целосно вакцинирани против коронавирус, вклучително и со засилувачки дози.
– Вкупно 80,6 милиони луѓе во земјата се вакцинирани со првата доза, додаде Голикова за време на брифингот за коронавирусот.