Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 1758 нови случаи на коронавирус, од вкупно 3477 тестирани лица. Секое второ лице тестирано е позитивно на коронавирус.

Шеснаесет лица починаа, по осум во Република Српска и во Федерацијата БиХ.

Во ФБиХ од тестирани 2989 лица, коронавирус бил потврден кај 1496. Нови случаи се регистрирани во сите кантони во Федерацијата БиХ, освен во кантонот Посавина.

Во Република Српска тестирани се 334 лица, а кај 172 е потврден коронавирусот.

Бета пренесува дека во бањалучката Поликлиника со денови има огромни редови, а поединци со симптоми не можат да се тестираат бидејќи има недостиг од ПЦР тестови.