Руската безбедносна агенција уапси 14 наводни членови на бандата Ревил (REvil) и објави дека ја елиминирала групата на барање на Соединетите Американски Држави, објави Вашингтон пост.

REvil е една од најозлогласените ренсомвер (софтвер за уцена) банди на хакери кои направиле богатство со хакирање странски организации. Неговите жртви беа JBS, најголемиот светски снабдувач со говедско месо и софтверската компанија Kaseya, која им овозможи пристап до илјадници жртви.