Меѓународниот аеродром „Зуљани“ во Киев денеска е евакуиран во акција на полицијата и службата за безбедност по пријава за поставена експлозивна направа во неговите простории.

Телевизискиот канал „Украина-24“ јави дека патниците чекале пред зградата на аеродромот и дека дојавата за бомбата била анонимна.

Аеродромот досега неколку пати бил цел на закани за поставени бомби, но со претресите било утврдено дека се лажни, пренесе Тасс.