Историскиот лидер на опозициската Демократска партија и поранешен албански претседател и премиер, Сали Бериша, обвини дека минатата сабота членовите на Демократската партија биле нападнати по наредба на Белград.

-НА 8 ЈАНУАРИ ВО ОДНАПРЕД ДОГОВОРЕНО СЦЕНАРИО СО ДИРЕКТНИ БАРАЊА ОД БЕЛГРАД МИРНИТЕ ДЕМОКРАТИ ГИ НАПАДНАА ОРДИТЕ НАРКОБОСОВИ ВО УНИФОРМИ. КАЖУВАМ ОД БЕЛГРАД, ЗАТОА ШТО БАТОН СТАНИШИЌ (БАТОН ХАЏИУ ПОЗНАТ НОВНАР И ПУБЛИЦИСТ) Е НОВИОТ МУГОША ВО СП И ВО АЛБАНИЈА. МЛАДИОТ МУГОША ШЕСТ ПАТИ МУ СЕ ЈАВИЛ НА ЕДИ РАМА ПО НАРЕДБИТЕ ШТО МУ ДОАЃАЛЕ ОД БЕЛГРАД. ЗАШТИТИ ГО ЛУЛ БРАВА (ЉУЉЗИМ БАША). ТОЈ ТОА НЕ ГО НЕГИРАШЕ КОГА НАШИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ СЕ СУДРИЈА СО НЕГО, РЕЧЕ БЕРИША ВО СВОЕТО ОБРАЌАЊЕ НА 31-ГОДИШНИНА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ОГРАНОКОТ НА ПД ВО ГРАДОТ ЛЕЖА.

Додаде дека 8 јануари е најцрната страница на една влада во последните три децении, нагласувајќи дека на овој датум Еди Рама докажал дека „со своите криминални начини бил вистинскиот автор на окупацијата на седиштето на ПД“.

-Тоа не е проблем на канцеларија, на зграда. Тука е основниот проблем: спроведувањето на мнозинската одлука против малцинството. Без овој принцип нема демократија. Десетици илјади демократи отидоа да ја спроведат својата одлука. Народното собрание изгласа дека штабот на ПД е тој штаб и отидовме да влеземе во нашиот дом, рече тој.

Според него, Еди Рама го опколил Љуљзим Баша, неговиот заложник, не само со осум гардисти, туку албанскиот премиер го опремил со сите средства за насилство на една агресивна полиција.

Бериша рече дека Баша го претворил штабот на Демократската партија во дувло на криминалот и криминалците, чие место, според него, е во затворските ќелии, а не во домот на демократите.

Протестот, што на 8 јануари го свика Бериша, прерасна во насилен со причинета голема штета на седиштето на ПД.

Бериша најави дека протестите ќе продолжат до заминувањето на Баша.