Твитер повторно ќе стане достапен во Нигерија откако тамошната влада објави дека ќе ја укине блокадата за пристап до таа платформа за кратки пораки, пренесува Хина.
По разговорите со американската компанија, беше договорено Твитер да отвори канцеларија во Нигерија, изјави владин претставник без да соопшти повеќе детали.
Претседателот Мухамаду Бухари на 5 јуни наложи да се забрани пристапот до Твитер во земјата со околу 200 милиони жители.
Претходно Твитер ја избриша контроверзната порака на претседателот за граѓанската војна во Нигерија и го суспендираше Твитер профилот на шефот на државата на 12 часа. Владата тогаш не наведе конкретна причина за суспензијата. Сепак, се наведува дека платформата е користена неколку пати за активности кои би можеле да го поткопаат постоењето на Нигерија.