Претседателот на Белорусија, Александар Лукаше ко изјави дека Украина распоредува војници во близина на белоруската граница.

Тој додаде дека Полска и балтичките држави во близина на границата со Белорусија распоредиле над 30.000 војници. Според Лукашенко од 8.000 до 10.000 американски војници има на територијата на Полска и на балтичките држави.

– Што бараат Американците овде? Зошто Вие и Русија не обвинувате дека правиме маневри, вежби и слично, кога дојдовте преку девет земји во десеттата. Што ќе правите овде?, запраша Лукашевко за време на состанокот за заедничките оперативни вежби помеѓу Белорусија и Русија.

Според него, Полска побарала од НАТО да распореди повеќеслоен систем на логистичка и техничка поддршка во регионот, а главното прашање што треба да се одговори е „зошто?