Американската заменик државна секретарка, Венди Шерман, синоќа имаше телефонски разговор со австралискиот министер за надворешни работи Кетрин Кемпбел, јавија од Стејт департментот.

-Заменик секретарката и министерот разговараа за координацијата на регионалната поддршка на Тонга, после ерупцијата на вулканот Хапаи во Хунга Тонга-Хунга и цунамито, јави портпаролот Нед Прајс.

Тие дискутирале и за тековните заложби за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, земја соочена со неиспровоцирано армиско трупање сили долж своите граници од страна на Русија.

-Тие дискутираа и за економското заживување и отпорност на тихоокеанскиот регион, како и одлучноста да се запре пандемијата на Ковид-19, додаде Прајс

Двајцата дипломати повторно ги истакнале заложбите за продолжтелно унапредување на мирот, безбедноста и просперитетот за да се осигура слободен и отворен тихоокеански регион.