Кина во изминатите неколку недели надополнила речиси четири милиони барели иранска нафта во државните резервни складишта во пристаништето Џанџијанг, тврдат извори и стручњаци за следење на испораки на бродови во „Вортекс Аналитикс“ (Vortex Alaytics).
Иран се наоѓа на четвртото место во светот според потврдените резерви од нафта и многу се потпира на приходите од нејзината продажба. Но, поради санкција од 2018 година, не смее да ја извезува.
Кина досега ја увезуваше иранската нафта тивко и пратките не се гледаа во службените царински декларации бидејќи купувачите се плашеа од последиците. Кинеската царина сега извести за увоз на иранска сурова нафта првпат во последната година.
Според податоците на Царинската управа, во декември Кина увезе 260.312 тони ( 1.9 милиони барели) иранска сурова нафта, двојно повеќе од крајот на 2020 година.
Пратката, според висок трговски извор, била впумпана во државните резервни танкови на Џанџијанг, кон крајот на декември.
Потоа следела уште една пратка со сличен волумен, што, исто така, била истоварена во Џанџијанг, според експертите за мониторинг на бродовите од Vortex Analytics.
Кинеското надополнување на стратешките резерви со нафта се совпадна со планираното пласирање на нафтениот пазар од резерви во реткиот случај на координација со САД, чија цел е да се ограничат високите цени на нафтата на светските берзи.
Иранското Министерство за нафта не беше достапно за коментар околу кинеското купување нафта. Но, висок функционер во министерството за британските медиуми потврди дека ја известиле јавноста за брзиот раст на извозот на нафта.
„Не откриваме за кои земји станува збор поради американските санкции. Но, Кина спаѓа меѓу земјите што купуваат иранска нафта. Тоа покажува дека санкциите станаа неефикасни“, се наведува во соопоштението.
Кинеската национална Управа за храна и стратешки резреви не беше веднаш достапна за коментар.
Американскиот Стејт департмент, пак, напиша дека американските санкции остануваат на сила и ќе се спроведуваат, иако Вашингтон ја смета дипломатијата за најдобар начин за решавање на проблемот.
– Познато ни е дека кинеските компании куп