Претседателот на бугарското Народно собрани, Никола Минчев, денеска најави дека премиерот Кирил Петков ќе дојде меѓу народните избраници за да биде сослушан од нив на барање на пратеничката група на ГЕРБ-СДС.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, поради руското барање НАТО да се повлече од Бугарија и Романија, ГЕРБ побара во парламентот да бидат сослушани премиерот Кирил Петков, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за одбрана Стефан Јанев.