Инсистирањето на Русија за повлекување на силите на НАТО од Бугарија е неприфатливо и бесмислено. Во Бугарија нема постојани сојузнички контингенти и воена опрема, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во посебен став за барањето на Русија НАТО да се повлече од Бугарија и Романија.

Според Радев, суверената одлука за такво постојано присуство или привремено распоредување и припаѓа на Бугарија, во согласност со сојузничките обврски на земјата.

– БУГАРИЈА НЕ ПРИФАЌА УЛТИМАТУМИ ОД НИКОГО, ДЕЦИДЕН Е РАДЕВ.