Претседателот на Бугарија Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова по свечена церемонија во Софија официјално стапија на функција во новиот, втор мандат.
Бугарскиот претседател Радев во говорот истакна дека ќе продолжи да ги почитува правото, безбедноста и правдата во следните пет години, јави дописникот на МИА од Софија.
Во својот говор за време на свеченоста, претседателот Радев рече дека неговиот прв мандат е посветен на битката за правото и демократијата во Бугарија, а во последните 5 години работи за единство. Според него, политичката промена е само првиот чекор.
Тоа беше шеста церемонија на инаугурација во Бугарија во изминатите 25 години и втора на која реизбран претседател ја презема функцијата.