Едно лице загина, а дваесетина се повредени во експлозија на цистерна со гориво на периферијата на главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс.
Во гаснењето на пожарот се повредени тројца пожарникари кои се хоспитализирани, соопштија локалните власти.
Причината за експлозијата не е соопштена, а властите сè уште го истражуваат инцидентот.
Во средината на декември, цистерна со гориво експлодираше во северниот град на Хаити, Кап Хаитиен, при што загинаа повеќе од 90 луѓе.