Во германскиот универзитетски град Хајделберг рано попладнево се спроведува голема полициска операција, откако беше пријавено дека едно лице повредило неколку лица во областа на универзитетот. Полицијата во меѓувреме соопшти дека напаѓачот е мртов.

Нападот, според првичните информации, се случил во една од предавалните на универзитетот, а во него, наводно, напаѓачот користел огнено оружје.

Блокирана е областа во населбата Нојенхајмер Фелд, а полицијата ги повикува граѓаните да се држат настрана од овој дел од градот во кој се наоѓаат зградите на факултетите за природни науки на Универзитетот во Хајделберг.