Четири лица се повредени во вооружениот напад на Универзитетот Хајделберг, во југозападна Германија, во кој напаѓачот беше убиен, изјавија безбедносни извори за ДПА.

Една од жртвите е во животно загрозувачка состојба, додаваат оттаму.

Универзитетот Хајделберг, основан во 1386 година, е најстариот универзитет во Германија и, исто така, е еден од најстарите во Европа, со повеќе студентски кампуси.

Во овој живописен град на реката Некар, живеат околу 160.000 лица, пренесува ДПА.