Велика Британија не исклучува санкции насочени лично против рускиот претседател В ладимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трaс.
На прашањето за можни санкции против Путин, Трус за британски „Скај“ изјави: „Ништо не исклучуваме“.
– Ќе претставиме нов закон што ќе го заостри нашиот режим на санкции за да можеме да таргетираме повеќе компании и поединци во Русија. Тоа ќе го изнесеме во следните неколку дена. Не исклучуваме ништо, изјави Трас. Таа додаде дека Велика Британија доставува одбранбено оружје на Украина.