Русија издаде налог за апсење на братот на притворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, барајќи неговата условна казна да се претвори во затворска казна.

Олег Навални, чија локација не е позната, беше во домашен притвор минатата година помеѓу јануари и април и доби условна казна од една година за кршење на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на Ковид-19. Тој беше обвинет по учеството на протестот во Москва против апсењето на неговиот брат.

Олег беше ослободен од затвор во 2018 година по три и пол години затворска казна под обвинение за проневера за која критичарите тврдат дека б ла метод за заплашување на неговиот брат.

Федералната затворска служба ќе побара од московскиот суд на 18 февруари да го осуди 38-годишниот Олег Навални на затвор поради кршење на безбедносните прописи, изјави денеска неговиот адвокат.

Алексеј Навални во истиот случај доби условна казна, а поради наводното прекршување минатата година беше променета во затворска казна. Тој тврди дека се работи за политички прогон.