Народното собрание на Бугарија ќе одржи вонредна седница поради тензиите меѓу Русија и НАТО.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на дневен ред ќе бидат излагања на премиерот на Бугарија Кирил Петков, министерот за одбрана Стефан Јанев, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и шефовите на бугарските специјални служби.

Повод за заседанието е руско-украинскиот конфликт и тензијата меѓу НАТО и Руската Федерација и улогата на Бугарија во процесот на одлучување на НАТО за прашања, како и распоредувањето на вооружените сили на сојузниците на територијата на Република Бугарија.

Барање за вонредна седница поднесоа 59 пратеници од коалицијата ГЕРБ-УДФ.