Директорката на канцеларијата на Хјуман рајтс воч (ХРВ) во Бејрут, Лама Факих, била следена од шпионскиот софтвер на израелската компанија НСО Груп, соопшти денеска организацијата за заштита на човековите права.
Лама Факих, која исто така е задолжена за прашања околу кризите во Сирија, Мјанмар, Израел, палестинските територии, Етиопија, Авганистан и САД, минатата година петпати била мета на шпионскиот софтвер „Пегасус“, во периодот од април до август.
Софтверот „Пегасус“ овозможува целосен пристап до телефонот на лицето кое се следи, кое не мора ништо да прави, односно да користи било каква врска и не е во состојба да открие хакирање.
Групата НСО се најде на удар откако откри дека нејзиниот шпионски софтвер се користел во неколку земји против новинари, активисти, па дури и американски дипломати. Минатата година Вашингтон и забрани на компанијата пристап до американската технологија, наведувајќи дека нејзините алатки ги користеле репресивни режими, а Фејсбук и Епл поднесоа тужби против НСО за хакирање.
Израелската компанија не ги открива своите клиенти, но соопшти дека има заштитни мерки за да се гарантира дека нејзините производи се користат само за шпионирање на осомничени криминалци и терористи.