Невработеноста во Австрија се уште се намалува, а во моментов без работа се 404.994 лица, изјави министерот за труд Мартин Кохер.
Тој посочи дека од наведената бројка, работа бараат 333.864 лица, а на дообука се 71.130.
– Трендот на благо намалување на невработеноста покажува позитивна динамика на пазарот на трудот и покрај ширењето на сојот омикрон, нагласи Кохер.
Во споредба со јануари минатата година помал број лица се пријавиле за скратено работно време, сега се 159.454.