Норвешкиот државен пензиски фонд денеска соопшти дека во 2021 година постигнал поврат на инвестициите за пензии на граѓаните од 1.580 милијарди норвешки круни (177 милијарди долари), пред се поради резултатите од акциите на технолошките компании.
Поголема сума заработија само во 2019 година, кога приносот беше 1.690 милијарди круни.
Фондот, кој инвестира во продажба на нафта и гас и управува со средства во вредност од 1,3 трилиони долари, најголемиот во светот, минатата година заработи 14,5 отсто. „Добрите резултати главно се должат на многу силните движења на берзата во текот на годината“, се вели во соопштението на извршниот директор Николаи Танген. „Приносите беа добри во сите сектори, но инвестициите во технолошките компании и финансиите се покажаа како особено добри“, рече Танген.
Акциите на технолошките компании остварија поврат од 30,2 отсто.