САД и Велика Британија соопштија дека ќе размислат за воведување лични санкции против рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина.
Ројтерс информира за тоа какви би можеле да бидат.
Раскинување?
Санкциите против поединци вообичаено вклучуваат мерки како што се замрзнување на имотот во странство и забрани за патување. Воведувањето на такви мерки против Путин, Москва веројатно би го сметала за многу непријателско. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека тоа ќе биде „политички деструктивно“, а претходно и кажа дека тоа ќе биде евивалент на прекин на дипломатските односи со Москва.
Најмногу симболично?
Во пракса, меѓутоа, тоа можеби нема да промени многу. Портпаролот на Кремљ кажа дека санкциите навистина нема да му наштетат на Путин. Тој додава дека имотот на Путин е во Русија и затоа е недостапен. Неговата плата е во банката „Росија“, која веќе е под санкции, додаде тој.
Имотот на Путин
Како и некои други руски функционери, и Путин е обврзан со закон да го открие износот на неговиот приход и имот. Според последните официјално објавени податоци, Путин во 2020 година заработил само 126.175 американски долари. Поседува стан од 77 квадрати, два автомобили „ГАЗ М21“, „Лада Нива“ и приколка. Има и гаража од 18 квадрати и стан од 153,7 квадрати.
Дали е тоа сè?
Најгласниот домашен критичар на Путин, Алексеј Навални, кој е во затвор, тврди дека Путин поседува многу повеќе и дека поседува луксузна палата во близина на брегот на Црното Море. Кремљ негира. Критичарите на Путин велат дека неговото богатство го чуваат лојални руски бизнисмени, што Кремљ исто така го негира.
Ројтерс, Лондон