Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резиников денеска изјави дека на границата со Русија не се забележани позначајни инциденти или позначајни настани.
„Ситуацијата на украинско-руската граница во овој момент не е поинаква во споредба со минатата пролет. Во моментов нема позначајни инциденти или настани".
Во последниве месеци, Западот ја обвини Русија дека акумулира војници на границата со Украина со цел да започне инвазија врз таа држава, додека Москва одлучно го негира тоа