Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денескаизјави дека ситуацијата околу Украина е многу тензична, но дијалог со Русија се уште е можен.

– Останува на Владимир Путин да каже дали сака консултација или конфронтација, изјави Ле Дриан за радиото РТЛ, јави дописникот на МИА.

Францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот изјави дека ќе побара разјаснување за намерите на Русија кон Украина во телефонски разговор со претседателот Владимир Путин закажан за денеска, поради зголемените стравувања од напад на Кремљ врз поранешната советска република.

-Се соочивме со оваа криза со три основни принципи: цврстина, желба за дијалог и солидарност меѓу нас, продолжи тој, потсетувајќи на важноста на рагзоворот меѓу Владимир Путин и Емануел Макрон. Според Жан-Ив Ле Дриан, „постои ризик од инвазија на Украина од страна на Русија.