Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел на Панама, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 15 километри под површина на земјата.

Засега нема податоци за евентуални повредени лица и причинета материјална штета.