Долгогодишниот копретседател на германската екстремно десничарска Алтернатива за Германија (AfD), Јорг Меутен, денеска изјави дека се повлекува од функцијата и партијата, јави ДПА.
Меутен (60), во 2015 година беше избран за копретседател на АФД, денеска кажа дека сака да ја задржи својата работа во Европскиот парламент.
Тој долго време е во судир со голем дел од остатокот напартијата, откако во изминатите две години постојано тврдеше дека неговата партија зазеде поумерен курс.
Притоа, тој со ваквиот став создаде непријатели, особено во екстремно десничарското движење околу регионалниот лидер на Тирингија, Бјорн Хоке.
Меутен имаше тешкотии да добие поширока поддршка за своите позиции внатре во партијата. Во август, на пример, не успеа во намерата да го избрка Матијас Хелферих, кандидатот на АфД за Бундестагот во Северна Рајна Вестфалија.
ДПА потсетува дека Маутен беше избран во раководството на антиимиграциската група во летото 2015 година, како еден од двајцата нејзини копретседавачи. Во тоа време тоа беше заедно со Фрауке Петри, која две години подоцна ја напушти партијата, а и неговиот однос со актуелниот партиски ко-претседател Тино Чрупала од самиот почеток е практично тежок.
Чрупала сега е единствениот лидер на екстремно десничарката Актернатива за Германија, која на парламентарните избори во септември го освои најслабиот резултат во последните неколку години.