Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска објави дека ќе отпатува во Украина со германската колешка Аналена Бербок од 7 до 8 февруари.

„Ќе ја посетам Украина заедно со (германската министерка за надворешни работи) Аналена Бербок од 7 до 8 февруари“, објави Ле Дриан на Твитер. Тој додаде дека го уверил својот украински колега Дмитриј Кулеба „за целосната поддршка и солидарност на Франција со Украина“.

„Мобилизацијата продолжува, особено во нормандиски формат, за деескалација на тензиите“.