Известителот за Балканот во германскиот Бундестаг, Ади Ахметовиќ нагласи дека сеопфатната реформа на изборниот закон претставува значаен чекор кон политичка стабилизација и зајакнување на плуралистичкото демократско граѓанско општество во Босна и Херцеговина. Според него, започнатите преговори треба да придонесат за зајакнување на изборниот процес и елиминирање на дискриминацијата.
Тој во изјавата нагласи дека поради тоа преговорите за реформа на изборниот закон мора да доведат до неопходните реформи за зајакнување на изборниот процес и елиминирање на постоечката дискриминација.
„Најважната политичка цел мора да биде надминување на етничките поделби во земјата“.
Тој нагласи дека принципот на „легитимно политичко претставување“, од друга страна, само ќе придонесе за продлабочување на поделбите и ќе го отежне одлучувањето. Ахметовиќ предупредува дека преговорите за реформа на изборниот закон не смеат да доведат до одложување на октомвриските избори.
„Одржувањето избори во октомври треба да биде главен приоритет. Тие мора да бидат фер, транспарентни и без манипулации. Доколку преговорите за реформа на изборниот закон не донесат резултати пред избори, тогаш веднаш по изборите треба да се започне нов обид“, смета пратеникот во Бундестагот.