Девет осомничени борци на ИД, вклучително и четворица Либанци, се убиени во воздушни напади северно од Багдад како одмазда за извршениот напад од страна на екстремистичката Исламска држава врз касарна на ирачката армија, соопштија денеска официјални лица.
На 21 јануари вооружени припадници на Исламската држава во Ирак упаднаа во касарна во планинскиот округ Ал-Азим во близина на градот Бакуба, убивајќи еден чувар и 11 војници додека спиеле
Јехиа Расол, портпарол на ирачкиот началник на Генералштабот, изјави дека заедничките воени оперативни сили и воздухопловните сили ја идентификувале групата одговорна за нападот, посочувајќи дека нејзините членови се кријат во Ал-Азим.
Според Расол, девет екстремисти биле убиени во три воздушни напади.
Претставник на безбедносните сили, кој не сакал да биде именуван, изјави дека меѓу загинатите има и четворица Либанци.