Египетскиот суд осуди на смрт 10 членови на забранетата група „Муслиманско братство“ за планирање напади врз полицијата, објави денеска египетската државна новинска агенција МЕНА.

Десетмината се прогласени за виновни за формирање на вооружена група во случајот познат како „Хелван бригади“.

Движењето „Муслиманско братство“ е основано во 1928 година, а по воениот удар во Египет во јули 2013 година, беше забрането и повеќето негови водачи беа уапсени.