Групата „Ју-ту“ им оддаде почит на жртвите на „Крвавата недела“ вчера, на денот кога пред 50 години британски војници пукаа врз мирни демонстранти во Северна Ирска и убија 13 луѓе, објавувајќи нова верзија на нивната позната песна „Недела, крвава недела“ (Sunday Bloody Sunday) на својот интернет-простор. Видеото е проследено со сцени од настанот.

Предводени од семејствата на жртвите, во текот на вчерашниот ден, стотици луѓе учествуваа во поворката низ улиците на Дери – како што ирските републиканци го нарекуваат градот Лондондери во Северна Ирска.

Британските војници а 30 јануари 1972. убија 13 лица на мирните протести за граѓански права на католиците. Тој колеж е една од најтемните епизоди на конфликтот во Северна Ирска меѓу католичките републиканци, поддржувачи на ирското обединување и протестантските лојалисти, поддржувачи на британската круна.