Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фејсер изрази згрозеност од фаталната престрелка во која се убиени двајца полицајци во западната област Кусел, јави ДПА.

-Без разлика на мотивот што стои зад злосторството, овој чин потсетува на егзекуција и покажува дека полицајците секојдневно ги ризикуваат своите животи за нашата безбедност, рече министерката Фејсер.

„Моите мисли се со семејствата, пријателите и колегите на жртвите. Ќе направиме се што можеме за да ги фатиме сторителите“, додаде таа.

Пред да умрат, полицајците, и двајцата на возраст од 20-тина години, успеале на своите колеги преку радио врска само да им соопштат дека „пукаат врз нив“.

Службениците претходно пријавиле дека во возило пронашле убиен дивеч.