Како што соопштија денеска надлежните служби, 60-годишникот го пријавил делото во телефонски повик до полиција.
Полицајците, иако стигнале многу брзо на местото на злоторството во јужниот град Грац, сепак било предоцна.
Тие во стан ги пронашле телата на 58-годишниот брат на убиецот, неговата 81-годишна мајка и телото на јавувачот.
Според првичните сознанија, двајцата браќа живееле заедно со нивната мајка во станот.
Сè уште не се јасни точните околности и мотивот за злосторството