Бугарскиот премиер, Кирил Петков, на владината Фејсбук страница напиша дека државата денеска им оддава почит на жртвите од комунистичкиот режим, чувајќи го споменот на некои мрачни времиња од минатото, што никогаш не треба да се повтори.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, историските факти од минатото, во кои недостасуваат слобода и демократија, јасно докажуваат дека Бугарија поминала долг и тежок пат до денеска како општество.

Според премиерот, Бугарија е веќе на добар пат и нејзина должност е да работи секој ден за да ја направи неговата земја демократска, легална, ослободена о корупција и просперитетна.