Американскиот државен секретар Ентони Блинкен преку писмо до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас изразил благодарност за придонесот на Грција во Меѓународните сили за безбедносна помош (ИСАФ), кои беа распоредени во Авганистан, јави грчката агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.
Блинкен во писмото, според истите информации, го споменал придонесот на 3.300 припадници на грчките вооружени сили кои служеле како во ИСАФ, така и подоцна во мисијата „ Resolute Support Mission “, а се заблагодарува и за успешно завршените низа активности поврзани со клучни инфраструктурни проекти на аеродромот во Кабул, обезбедување хуманитарна помош и безбедносните и одбранбените операции.
Паралелно, споменал дека Грција претставува стабилен сојузник на САД и дека е од витално значење соработката што ќе продолжи и во иднина, заснована на заедничките вредности во двете земји.