САД денеска го слават Денот на мрмотот, кога луѓето со нетрпение чекаат да дознаат дали мрмотот Фил од Пенсилванија ќе предвиди рана пролет или уште шест недели зима.

На собирот, во Панксатонија, членовите на „елитниот клуб на мрмотот“ го повикуваат Фил вон неговиот трупец в зори на 2 февруари секоја година, за луѓето да ја дознаат неговата прогноза. Американците веруваат дека, ако мрмотот ја види својата сенка – зимата ќе продолжи уште шест седмици, а ако не ја види, пролетта ќе пристигне порано.

Минатата година целиот настан беше емитуван на интернет поради пандемијата на коронавирусот, што ги спречи туристите да дојдат во градот кој се наоѓа на 105 километри од Питсбург, Пенсилванија. Надлежните се надеваат дека оваа година ќе се врати вообичаениот прилив од 10.000 до 15.000 посетители.

Овој годишен обичај потекнува од германската легенда која вели дека ако мрмот ја види својата сенка зашто времето е сончево, тоа значи дека зимата продолжува. А, ако не ја види сенката т.е. ако е облачно, пролетта доаѓа порано.