На денешната прес-конференција на претставниците на коалицијата „Обединета Србија” составена од Партијата за слобода и правда (ССП), Народната партија (НС), Демократската партија (ДС), Движењето на слободните граѓани (ПСГ), Движењето за промени (ПзП), Движењето Слободна Србија (ПСС), синдикатот „Слога”, Демократскиот сојуз на Унгарците од Војводина (ДЗВМ) и Граѓанската платформа беа претставени кандидатите на опозициската коалиција за претседателските, парламентарните и локалните избори во Белград, на 3 април.
Носител на изборната листа на оваа коалиција за парламентот и прва на листата е Мариника Тепиќ, носител, додека прв на листата за белградските избори е Владета Јанковиќ, а кандидат за претседател е Здравко Понош. Тројцата првпат заедно настапија во јавноста во име на коалицијата „Обединета Србија”.
Мариника Тепиќ истакна дека целта е да се „обезбеди најширока поддршка за Србија” и дека се убедени дека „Обединета Србија може да ја поправи Србија”.
Таа кажа дека и е чест да ја предводи пратеничката листа на Обединета Србија, на која ќе се најдат „еминентни личности и најхрабрите опозиционери” кои се борат со години, меѓу кои Марија Лукиќ од Брус и новинарот Милан Јовановиќ од Гроцка.
-Нашите први чекори се насочени кон враќање на правдата во Србија, а тоа вклучува неколку закони за специјален антикорупциски обвинител, по примерот на романската обвинителка кој докажа корупција на највисоко ниво, со воспоставување на специјална обвинителска полиција. Тука е и законот за потеклото на имотот, како и закон за лустрација со кој би се оневозможиле да се кандидираат сите кои ја прекршиле етиката, кажа Тепиќ, додавајќи дека тоа е делот што е апел на педесетина интелектуалци кои го побарале тоа од учесниците во изборите.
Претседателскиот кандидат Здравко Понош во своето обраќање истакна дека чекал да се направи договор за „заедно да се оди во оваа битка”.
Тој посочи дека претседателот на Србија според Уставот го одразува државното единство.
-Така е во секоја земја, а човекот кој денес ја работи таа работа ја подели Србија. По изборите во април, Србија ќе биде организирана земја, свесна за себе и своето минато, но и земја која гледа кон иднината, изјави Понош.
Владета Јанковиќ, кандидатот за градоначалник на Белград, на прес-конференцијата кажа дека е благодарен за кандидатурата, иако се знае дека е во поодминати години и оти ја напуштил политиката.
-Во случај да победам, се ќе биде транспарентно. Ќе се знае секој детал од договорите. Ќе треба да се платат некои сметки, но тоа не значи прогон на поранешната власт. Кој е виновен пред законот ќе одговара според законот. Нема да има одмазда, изјави Јанковиќ.