Германското официјалното тело за вакцинација препорача да се даде втора засилувачка доза вакцина против коронавирус на особено ризичните групи, јави ДПА.
Постојаната Комисија за вакцинација, (STIKO), е независен панел од експерти кои ја советуваат владата за време на пандемијата.
Комисијата денеска соопшти дека луѓето над 70-годишна возраст, лицата во установи за нега, оние со имунодефициенција и вработените во медицинските и здравствените установи треба да добијат втора засилувачка доза вакцина.
Нацрт-резолуцијата е испратена на одобрување до сојузните покраини, па сè уште се можни измени на планот.