Повторно избувнаа немири во затвор во Еквадор, каде во последните пет месеци во судир меѓу ривалски банди загинаа 180 луѓе, соопштија утринава официјални извори.
Како што се наведува, немирите избувнале вчера во четири затворски блока во Гвајакил, во северозападниот дел на Еквадор.
Војската и полицијата ја координираат акцијата.
Во затворот Гвајакил во немирите во текот на 2021 година имаше околу 320 загинати.