Германскиот канцелар Олаф Шолц сака да координира со претседателите на Франција и Полска за конфликтот во Украина, јави ДПА.
Според денешното соопштение од Елисејската палата, состанок на таканаречниот Вајмарски триаголник, е планиран во Берлин. Точен датум сè уште немаат одредено, а Германија е одговорна за подготовките.
И Германија и Франција посредуваа во конфликтот со години. Францускиот претседател Емануел Макрон, деновиве, два пати разговараше на телефон со рускиот колега, Владимир Путин.
Телефонски повици со Путин и со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, се закажани и за вечерва.
Украина и источноевропските сојузници ги обвинија Шолц и неговата Влада за недоволен притисок врз Русија. Шолц планира наскоро да патува за Москва, со цел да се сретне со Путин.