Советот на ЕУ денеска го обнови таканаречениот “терористички список“ на ЕУ.

Листата на санкции против лица и ентитети обвинети за тероризам постои од 11 септември 2001 кога се случи нападот врз кулите близначки во САД.

Советот на ЕУ денеска информираше дека списокот е обновен и едно лице е исклучено од листата.

Тринаесет лица и 21 ентитет се наоѓаат сега на терористичкиот список на ЕУ, нивниот имот и фондови се замрзнати, и забрането за ЕУ оператори да прават бизнис со таргетираните или да им ставаат какви било фондови на располагање. Целта на овој список е да се спречи тероризмот.

Европската Унија го ревидира овој список најмалку еднаш на секои шест месеци врз основа на нови податоци и настани.