Во рамки на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите” на 28-ми февруари во Скопје ќе се одржи Регионален младински саем за вработување.
Како што информираат од Националниот младински совет на Македонија, отворени се два повици за учество за млади лица и правни субјекти од Скопскиот регион.
– Регионалниот младински саем е предвиден како збирно место на повеќе компании од регионот кои работат во различни области меѓу кои информациски технологии, фармација, медицина, социјални услуги, формална и неформална едукација, земјоделство, градежништво и инфрастуктура, маркетинг и односи со јавност, велат од НМСМ.
Саемот е замислен како отворена платформа за градење вештини и компетенции за вработување на младите како и креирање на можности за нивно поврзување со работодавачите. Дополнително, пред саемот ќе се одржи и обука за кариерно насочување за сите заинтересирани млади лица.