Гувернерот на Централна банка на Албанија Гент Сејко изјави дека инфлацијата во земјата забележиле брз пораст во четвртиот квартал од минатата година, достигнувајќи 3,7 отсто во декември.
Сејко рече дека спротивно од предвидувањата, инфлацијата ќе се врати на целта од 3 отсто само во 2023 година, а не годинава.
Додава дека дури и во текот на 2021 година, инфлацијата била во високи бројки, што било под влијание на растот на цените на храната и на нафтата.
-Инфлацијата се наоѓа во цените на сите артикли во потрошувачката кошница. Нејзиното забрзување беше диктирано од зголемените цени на храната и нафтата. Се очекува инфлацијата да се врати на целта на стабилен начин во текот на 2023 година, како одраз на рамнотежата на побарувачката и понудата, растот на вработеноста и платите во согласност со продуктивноста, рече Сејко.
Тој нагласи дека силниот раст на цените на храната, енергијата, транспортните трошоци има значително влијание врз инфлацијата во четвртиот квартал.
-Според државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, албанската економија порасна за 10,4 проценти во првите три месеци од годината, информациите сигнализираат нејзино натамошно проширување во четвртиот квартал. Нашата анализа покажува дека економската активност во земјата го поминала своето предземјотресно и предпандемиско ниво, што го илустрира брзото закрепнување на побарувачката, додава гувернерот.
Според Сејко, економскиот раст во текот на 2022 година ќе биде побавен од минатата година, повторувајќи го апелот за намалување на јавниот долг, бидејќи тоа ќе ја зголеми фискалната одржливост.