Медиумската компанија „Њуз корп“ (News Corp), издавач на „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal) соопшти дека на 20 јануари била хакирана и оти се украдени податоци за новинарите и другите вработени, но не се погодени информациите на корисниците и финансиските податоци.

„Њуз корп“ соопшти дека во тек е истрага што ќе ја утврди „природата, обемот, траењето и влијанието“ на хакерскиот напад.

Компанијата за кибер безбедност „Мандијант“ (Mandiant), проценува дека хакерскиот напад е изведен од Кина.