За време на состанокот на министрите за енергетика на земјите долж трасата на Јужниот гасен коридор во Баку, бугарскиот министер за енергетика Александар Николов изјави дека стабилните испораки од стратешкиот партнер на Бугарија од Азербејџан се клучен фактор за ублажување на негативните ефекти врз економија.цените на енергијата, соопшти прес-службата на Министерството.
Според Николов, како што јави дописникот на МИА од Софија, Бугарија е заинтересирана да добие дополнителни количества гас од Азербејџан. Според нејзиниот министер за енергетика, Бугарија многу сериозно го поддржува проширувањето на испораките на гас преку Јужниот гасен коридор до Југоисточна Европа и Западен Балкан.
Понатамошната интеграција на енергетските пазари на Балканот ќе овозможи да се разработат вистинските одговори на предизвиците поврзани со цените на енергијата, нагласи Николов. Тој потсети дека во 2021 година Бугарија ги добила првите количества азербејџански гас. Така, Бугарија го исполни својот стратешки приоритет за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со гас
На средбата во Баку, бугарскиот министер за енергетика ја истакна улогата на интерконекторот меѓу Грција и Бугарија за подобрувањето на енергетската безбедност преку обезбедување пристап до Јужниот гасен коридор и терминалот за течен природен гас во Александрополис, Грција, каде Софија има 20 отсто од акциите.
Според Николов, Бугарија ќе продолжи активно да работи на сите гасни проекти кои обезбедуваат диверзификација на изворите и правците за снабдување со гас.