Емануел Макрон повторно разговараше во неделата вечерта со американскиот претседател Џо Бајден како дел од неговите консултации пред да се сретне со Владимир Путин денес во Москва за руско-украинската криза.

Како што, соопшти Елисејската палата, овој 40-минутен телефонски разговор е дел од „логиката на координација”, пред денешното патувањето на францускиот претседател во Москва, а потоа и во Киев во вторник, каде што треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претседателот Макрон посочил дека ќе „разговара за условите за деескалација” на границата со Украина, каде што Западните земји ја обвинуваат Москва дека насобрала десетици илјади војници за потенцијална инвазија, што Русија го негира, тврдејќи дека само ја гарантира нејзината безбедност.

Францускиот претседател за време на викендот се сретна со британскиот премиер Борис Џонсон, со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со лидерите на трите балтички земји, литванската претседателка Гитана Науседа и латвиските премиери Крисјанис Каринс и на Естонија Каја Калас.

Макрон веќе разговараше со Џо Бајден во вторникот, при што двајцата претседатели ја потврдија „својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина” и ветија дека ќе останат „во близок контакт” за ова досие, според Белата куќа. „Тие се согласија да зборуваат повторно наскоро”, соопшти Елисејската палата во неделата вечерта.

-Треба да бидеме многу реални. Нема да добиеме унилатерални гестови од Русија, но од суштинско значење е да се избегне влошување на ситуацијата пред да изградиме механизми и гестови на взаемн